Панчо & NISSAN ! ::: галерија :::
16.01.2012
Неколкуте синглови кои беа снимени, а кои беа проследени и со видео спотови, деловните соработки со ценети и угледни компании како што се Puma, Jack& Jones, Watch ID, Pepsi, Tinex, започнувањето на студиите на Европскиот Универзитет... се само дел од нештата, по што Панчо и Андреј од ДНК ќе ја паметат 2011-та година.
Нивното десетгодишно постоење како Р&Б дуо, тие го крунисаа со големиот солистички концерт одржан пред седумилјадната публика во Метрополис Арена, за кој многумина велат дека беше незаборавен настан.
И оваа 2012-та година Панчо и Андреј продолжуваат со исто темпо, а нивната агенда не би била целосна, доколку ги нема соработките со големите компании.
Уште на самиот старт на годината, Панчо потпиша ексклузивен договор со Аутомотив Груп и стана сопственик, а воедно и заштитно лице на едно урбано возило од брендот Nissan - кросоверот JUKE.
- Огромна чест и задоволство ми е што сум првото заштитно лице на брендот Nissan за Македонија. Мојот нов Juke е возило кое навистина ме маѓепса на прв поглед . Неговиот футуристички дизајн е сосема поразличен од сето она што сме навикнати да го гледаме низ градските улици и тоа беше само дел од нештата со кои несекојдневниот убавец ги исполни моите барања – изјави Панчо потпишувајќи го договорот со Аутомотив Груп и Nissan .
Новото возило на Панчо, белиот Juke веќе е брендиран и го носи неговиот потпис.
Агенда веќе е исполнета, со почетокот на февруари ќе ја слушнеме преработката за "Благодарам Однапред", една од најдобрите песни на ДНК на која им гостуваат браќата Тавитјан, а за која ќе видиме и нов видео спот со инсерти од незаборавниот концерт во Метрополис Арена.
Во најавата за оваа година, како дел од активностите на ДНК, се уште три други сингла кои ќе бидат проследени со видео запис, од кои едниот ќе биде дует со еден од најпопуларните македонски поп-рок артисти.
И повторно, работната година тие ќе ја крунисаат со несекојдневен Р&Б анплагд концерт со камерен оркестар кој ќе го диригира еминентно име, а истиот е закажан за 29-ти септември во Универзалната Сала во Скопје.
ДНК Започнуваат Концертна Турнеја !
11.11.2011
Клубот "Балкан" во Штип оваа сабота (12-ти ноември) ќе биде местото за старт на клубската концертна турнеја низ Македонија на Р&Б дуото ДНК, после големиот солистички концерт кој што го одржаа во Метрополис Арената во Скопје на кој присуствуваа над 7000 нивни фанови.
- Конечно се одморивме и ги наполнивме батериите после концертот на 24-ти септември. Подготвени сме за нашата публика и во другите градови во Македонија и со душа чекаме да размениме позитивни вибрации како оние во Метрополис Арената - велат Панчо и Андреј.
Хитовите од албумот "Кажано е се" но и новите синглови меѓу кои се вбројуваат Од утро до Мрак, Дада, Мочање, Диско Џунгла, ќе бидат дел од репертоарот на ДНК оваа сабота во Штип. Нивниот следен настап во рамките на клубската турнеја е закажан за наредната сабота во Морнарски Клуб во Прилеп. Обожавателите на Панчо и на Андреј кои сакаат да се информираат за останатите концертни настапи, може тоа да го сторат на нивниот официјален веб сајт www.dnk.com.mk.
ДНК, заштитни лица на G-Shock за Македонија !
23.09.2011
За прв пат во Македонија, еден од брендовите на Casio доби свое заштитно лице. Тоа се членовите на популарното Р&Б дуо ДНК, Панчо и Андреј кои од 01.09.2011 год. се стекнаа со статусот заштитни лица на G-Shock за Македонија.
G-Shock сосема природно им прилега, сатоа што е неверојатно модерен, иновативен, издржлив и пристапен. Одговара на нивниот динамичен живот, а пастелните бои ја одразуваат личноста и расположението.
Како бренд амбасадори на G-Shock, ДНК ги носат часовниците во спотот на нивната најнова песна "Дада" која од 1 Септември се слуша во радио етерот, а на ТВ екраните се промовира и видео записот за истиот. Спотот е снимен на повеќе локации во Скопје меѓу кои се плоштадот Македонија, Луна парк, една од скопските раскрсници и ноќниот клуб Парадизо. Во спотот Панчо и Андреј промовираат повеќе модели на G-Shock, во разни бои, кои соодветствуваат на гардеробата и сценариото. Покрај Панчо и Андреј, атрактивните девојки и специјалниот гостин на ова видео издание на ДНК, синот на Панчо, седуммесечниот Андреј исто така носи G-Shock.
Р&Б дуото се подготвува за спектакуларен концерт кој ќе се одржи во Сабота, 24ти септември 2011 во Метрополис Арената во Скопје. Таму секако ќе бидат присутни и My:time, така што заинтересираните ќе можат од прва рака да добијат информација за часовниците G-Shock.
My:time е брендот под кој настапува ланецот на малопродажни салони на Watch ID. Во овие салони се продаваат часовници од средна и висока средна класа.
Watch ID ја бира токму оваа multi-brand статегија со цел да има попрецизен пристап до целниот пазар, насочувајќи ве Вас, потрошувачите, кон салонот кој највеќе одговарана Вашите потреби.
Уживајте во разгледување на колекциите кои ви ги пружаат нашите брендови.
Следете го овој локатор за да дознаете каде можете да ги купите.
Албумот "Кажано е се" на концертот на ДНК во сабота, по цена од 50 денари!
22.09.2011
Подготовките за големиот концерт на Р&Б дуото ДНК кој што ќе се одржи оваа сабота, на 24-ти септември во Метрополис Арена во Скопје, се во завршна фаза. Момците кои своето 10-годишно постоење како бенд одлучија да го прослават со концертен спектакл со полна пареа работат на пробите кои што секојдневно ги имаат изминативе неколку недели.
Акцентот на концертот ќе биде ставен на сите нумери на ДНК од нивниот втор албум " Кажано е се", кои ќе имаат мали реаранжмани бидејќи ќе бидат отсвирени во живо со бенд. Гости од странство на настанот ќе бидат најдобриот хип-хоп состав од Хрватска, групата Конект, потоа официјалниот ДЈ на Едо Маајка - ДЈ Оли Доболли, а специјално за концертот на ДНК од Лос Анџелес ќе допатува ДЈ Латин Принц. Концертот ќе го отвори Даз Флоу, а од македонските ѕвезди заедно со ДНК на сцената на Метрополис Арена во сабота ќе настапат Врчак, Тавитјан Врадерс, Дарко Илиевски, Роберт Билбилов и Магдалена Цветкоска- Ена.
- Влезниците од 22-ри до 24-ти септември се продаваат по цена од 300 денари. Поради реновирање Југотон не работи, па картите можат да се набават во Тобако Тугедер Салоните и Цвеќара Розе Веро 2 и преку продажната мрежа на мк-тикетс.На самиот ден на концертот, во сабота влезниците ќе чинат 350 денари, а вип картите остануваат по цена од 500 денари. Обожавателите на ДНК сигурно ќе ги интересира информацијата дека на самиот концерт ќе се продаваат последните 500 ЦД-а од албумот "Кажано е се" по промотивна цена од 50 денари. По завршувањето на концертот оние кои што ќе купат ЦД ќе можат да добијат и автограм од Панчо и Андреј и да се фотографираат со нив - изјавуваат организаторите на концертот Продукција Република и План Б Продукција.
"Томато Продукција" ќе го снима настанот, па истиот ќе добие и свое ДВД издание кое обожавателите на ДНК понатаму ќе можат да го имаат во својата видео колекција.
Концертот во сабота ќе започне во 21 часот, а вратите ќе бидат отворени во 20.
ДНК ја промовираат "ДАДА" - Free Download !
01.09.2011
"Дада" е насловот на новиот сингл на Р&Б дуото ДНК кој од денеска се слуша во радио етерот, а на ТВ екраните се промовира и видео записот за истиот. Спотот е снимен на неколку локации во Скопје меѓу кои се плоштадот Македонија, Луна парк, една од скопските раскрсници и ноќниот клуб Парадизо, а најголема атракција во него се главните протагонистки, атрактивната Јована од Србија и Срна Лепчевска- една од најубавите Македонки, која ја игра главната женска улога во спотот. Покрај Панчо и Андреј и атрактивните девојки, во спотот се појавува и најпознатиот Ром во Македонија, Алфонсо. Специјален гостин во ова видео издание на ДНК е синот на Панчо, седуммесечниот Андреј, кој одлично ја игра својата улога на бебе - пимп.
За аранжманот на авторското дело на Панчо - "Дада", кој ги направи музиката и текстот на песната, беше задолжен честиот соработник на ДНК од Хрватска, продуцентот Марвел. И ова музичко парче е снимено во студиото на нивниот продуцент Врчак.
Р&Б дуото веќе ги започна тонските проби за нивниот спектакуларен концерт кој што ќе се случи на 24-ти септември во Метрополис Арена во Скопје.
ДНК со нова песна и спот
23.08.2011
После големиот летен хит "Од утро до мрак", Р& Б дуото ДНК со полна пареа работи на новиот музички материјал. На неколку локации во Скопје меѓу кои беа плоштадот Македонија, Луна парк, една од скопските раскрсници и ноќниот клуб Парадизо, вчера се снимаше видео записот за нивната нова песна "Дада", која што ќе биде дел од новиот албум на ДНК.
Најголема атракција за време на снимањето на спотот, покрај Панчо и Андреј беа главните протагонистки, атрактивната Јована од Србија која со својот секси изглед ги заведуваше случајните минувачи на плоштадот Македонија кои застануваа да ја гледаат како таа игра и да ја фотографираат. Една од најубавите Македонки, младата Срна Лепчевска која ја игра главната женска улога во спотот со својот прекрасен изглед го одзеде здивот на машката популација присутна на локациите каде што се снимаше.
- Како и на претходните снимања, воопшто не почувствувавме замор за време на снимањето со Томато Продукција. Секоја сцена беше спонтана и забавна. Овој спот ќе биде нешто навистина интересно. Покрај нас беа две прекрасни девојки, а во спотот ќе се појави и најпознатиот Ром во Македонија, Алфонсо. Во спотот имаме и специјален гостин, кој ќе го откриеме на самата промоција на видео записот- изјави Панчо по завршувањето на снимањето.
За аранжманот на авторското дело на Панчо - "Дада", кој ги направи музиката и текстот на песната, беше задолжен честиот соработник на ДНК од Хрватска, продуцентот Марвел. И ова музичко парче е снимено во студиото на нивниот продуцент Врчак.
"Дада" заедно со своето видео издание ќе биде промовирана наредната недела. ДНК во меѓувреме активно работат на подготовките за нивниот голем концерт кој што ќе се случи на 24-ти септември во Метрополис Арена во Скопје.
"Мочање" - Нова песна на Dj Shorty P - Free Download !
10.08.2011
Официјалната веб страница на Р&Б дуото ДНК вчера беше местото за промоција на новата песна на ДЈ Шорти П "Мочање" која истовремено е слободна за даунлоадирање не само од нивната официјална страница, туку и на нивната Фејсбук страница. Темата е авторско дело на Панчо кој самиот го напиша текстот, а аранжманот го направи босанскиот продуцент кој работи за Френки и Едо Маајка, Дамир Јахич- Чекиќ. "Мочање" е снимена во студиото на Продукција Република, а е продуцирана од страна на Врчак.
- Оваа песна е мој искрен став за тоа како ги согледувам јас работите во шоу бизнисот и естрадата. Постојат многу завидливи луѓе, луѓе кои сакаат да омаловажуваат и да направат се за да не успее некој- вели Панчо.
Песната која ќе се најде на новиот албум на ДНК е преставување на ДЈ Шорти Пи и е сосема поразлична од сите останати нумери на ДНК. Освен стиховите преку кои Панчо раскажува како е да се биде во негова кожа и како ги перцепира таканаречените "хејтери" кои се всушност луѓе кои се би дале да се на негово место и да го имаат статусот кој што тој го има стекнато со многу труд и макотрпна работа, можат да се слушнат и поздравите од светски познатите артисти кои му гостуваа на Панчо во неговото "Зип-Зап" шоу.
"Мочање" ќе добие и свој видео запис кој што ќе се снима после големиот спектакуларен концерт на ДНК, закажан за 24-ти септември во "Метрополис Арена" во Скопје.
ДНК станаа заштитни лица на Европски Универзитет
24.06.2011
Во прсуство на многу пријатели, претставници од медиумите и професори од Економскиот Факултет, момците од Р&Б дуото ДНК вчера официјално станаа заштитни лица на Европскиот Универзитет со што од септември ќе ги започнат студиите по маркетинг-менаџмент.
- Ги одбравме токму Панчо и Андреј за наши заштитни лица бидејќи се онакви какви што се, свои и единствени, затоа што се успеши во тоа што го работат и сигурни сме дека ќе бидат успешни и во своето студирање овде на Европскиот Универзитет- изјави Генералниот Директор на факултетот Билјана Андреска- Богдановска.
На прес-конференцијата ДНК ги соопштија и деталите околу нивниот концерт кој треба да се случи на 24 септември оваа година.
- Специјални гости кои за нашиот концерт ќе допатуваат од Хрватска се момците од групата Конект и Оли Доболи, официјалниот ДЈ на Едо Маајка. Најавуваме одлична забава и голем спектакл заедно со менаџерот на План Б Продукција - Кристијан Стефановски, со кого го организираме концертот. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 10-ти јули, а нивната цена ќе биде 200 денари со прогресија до самиот концерт - рече Панчо.
Сосема за крај на самиот настан се случи и промоцијата на новиот видео запис на ДНК и Ена за темата "Од утро до мрак" кој го изработи "Томато продукција". Новото видео парче има интересна приказна во која неколку јавни личности се бркаат низ Скопје обидувајќи се да си го вратат назад украдениот фотоапарат. Главен протагонист во спотот е Марко од "Тротоар", а освен него се појавуваат и неговата колешка Ирена, потоа кошаркарот на МЗТ- Зивчевиќ, Миро од "Бекстејџ" и Ана Стојановска од АБ канал.
"Од утро до мрак" ќе добие и свој видео запис!
11.06.2011
Во студиото на Томато Продукција и на неколку локации во центарот на Скопје деновиве Р&Б дуото ДНК и Магдалена Цветкоска- Ена го снимаа видео записот за нивниот дует "Од утро до мрак". Синглот кој за брзо време станa хит на радио-станиците низ Македонија е авторско дело на Лазар Цветкоски, а текстот го напишаа Ена и Панчо.
Видео записот за "Од уто до мрак" има своја приказна во која ќе се појават многу наши јавни личности кои за потребите на снимањето се бркаа низ центарот на Скопје. Меѓу нив се: Марко и Ирена од Тротоар Шоуто, Миро од Бекстејџ, а една од главните улоги ја игра кошаркарот на МЗТ Скопје -Зивчевиќ.
Промоцијата на спотот ќе се случи за десетина дена кога ДНК ќе ги соопштат и деталите околу претстојниот концерт што ќе се случи на 24 септември оваа година.
"Од утро до мрак" FREE за download!
27.05.2011
Најновиот сингл на момците од DNK заедно со Ена наречен "Од утро до мрак" е пуштен за слободно симнување. Сиинглот можете да го симнете во .mp3 формат тука !
ДНК- заштитни лица на брендовите Пума и Џек енд Џоунс!
13.05.2011
Момците од Р&Б дуото ДНК, Панчо и Андреј станаа заштитни лица на брендовите Пума и Џек енд Џоунс. На настанот кој што се случи вчера пред претставниците на седмата сила, официјално беше потпишан договорот за соработка со двата бренда.
Од денеска Панчо постојано ќе го гледате во Пума, а мене малку повеќе во гардеробата од Џек енд Џоунс на шега изјави Андреј.
Покрај потпишувањето на договорот со овие брендови, вчера ДНК после 10 месеци пауза го промовираа нивниот најнов сингл, дует со Магдалена Цветкоска –Ена. Песната која е авторско дело на Лазар Цветкоски се вика Од утро до мрак, а текстот за истата го напишаа Ена и Панчо.
Во текот на наредната недела ќе го снимаме спотот за оваа песна за која верувам дека ќе стане летен хит изјави Панчо.
За своите обожаватели ДНК најавија голем спектакл за нивниот прв голем солистички концерт кој што ќе се случи на 24 септември во Метрополис Арената во Скопје.
ДНК- прв соло концерт во Скопје!
23.01.2011
На огромно барање на публиката момците од Р&Б дуото ДНК овој петок ќе
го одржат својот прв солистички концерт во Скопје, пред големиот кој е
закажан за октомври оваа година. Концертот ќе биде промоција на
албумот "Кажано е се" кој излезе минатата година и ќе се одржи на
добро познатата сцена за ДНК во клубот Колосеум.
"Овој концерт го правиме поради публиката и фановите. Ним им го
должиме нашиот успех" - велат Панчо и Андреј.
На влезната врата на Колосеум во петок обожавателите на ДНК ќе можат
да си го купат и албумот "Кажано е се" по специјална цена од 100
денари, а по завршувањето на концертот да добијат и автограм од
момците во бексејџот на клубот.
Џамп, Пука, Спонзоруша, Кажано е се и постарите хитови Полна месечина, Навлечен на тебе, Пази се од мене, Таа тоа го крие ќе бидат само дел од репертоарот на ДНК за концертот во петок.
ДНК го промовираа спотот за "Кажано е се"
13.01.2011
Денеска во казиното Ројал во Скопје се одржа промоцијата на видео
записот на ДНК за темата "Кажано е се". Во присуство на претставниците
на седмата сила како и на многу колеги и пријатели, Панчо и Андреј ги
кажаа своите планови за наредниов период и го најавија нивниот концерт
кој треба да се случи во октомври оваа година.
Казиното Ројал ги почести присутните гости на промоцијата со ваучери од 5 евра, со кои на многумина од нив им се насмевна среќата и си заминаа со полни раце.
Видео записот за "Кажано е се" беше снимен пред еден месец во казиното Ројал и во просториите и студиото на Томато Продукција во чија изработка е самиот спот.
Промоција на спотот за "Кажано е се" на Стара Нова Година!
12.12.2010
Новиот видео запис за темата "Кажано е се" на Р&Б дуото ДНК кој е во
изработка на Томато Продукција, ќе биде промовиран во Јануари 2011
година, токму на Стара Нова Година (13 јануари, четврток) во казиното
Ројал во Скопје.
На промоцијата која ќе биде од затворен тип секој поканет гостин ќе добие ваучер од 100 денари и истата вечер, во која Панчо и Андреј ќе ги кажат своите планови за наредната година, ќе може да си ја проба среќата во казиното.
Локацијата за промоцијата е Ројал Казино бидејќи еден дел од видео записот е снимен токму таму, а втората локација од снимањето беше студиото на Томато Продукција.
Видео записот за "Кажано е се" е работен според приказната во самата песна, а во истиот Панчо и Андреј ги истакнуваат своите актерски способности.
ДНК снимија спот за "Кажано е се"
22.11.2010
Минатата недела ДНК снимија видео запис за
насловната тема од албумот "Кажано е се". Снимањето, кое се одвиваше
на две локации- казиното Ројал и студиото на Томато Продукција, траеше
повеќе од 15 часа,
а целиот видео запис ќе биде мини приказна во која Панчо и Андреј ги
истакнуваат своите актерски способности.
"Кажано е се" е прва балада за која ДНК снимија видео запис, а истиот е на барање на слушателите и фановите. Со овој спот кој го изработува Томато Продукција се затвора албумот "Кажано е се" и веднаш после снимањето ДНК се сконцентрирани на подготвување на нов албум кој се планира да излезе во април 2012 година. Продуцент и на овој албум на ДНК ќе биде Врчак.
Видео-запис за насловната тема од албумот
"Кажано е се" !!!
10.11.2010
Во недела (14. ноември) Р&Б дуото ДНК ќе снима видео-запис за насловната тема од албумот Кажано е се. Снимањето ќе започне во 11 часот, а ќе се одвива на две локации - казинотоРојал и студиото наТомато Продукција.
Ова е голем предизвик заДНК бидејќи целиот видео запис ќе биде мини приказна во која Панчо и Андреј ќе треба да ги истакнат своите актерски способности.
Кажано е се е прва балада за која ДНК снимаат видео-запис, а истиот е на барање на слушателите и фановите. Со овој спот кој ќе го изработува Томато Продукција се затвора албумот Кажано е се и веднаш после снимањето ДНК ќе се сконцентрираат на подготвување на нов албум кој се планира да излезе во април 2012 година. Продуцент и на овој албум на ДНК ќе биде Врчак.
Вечерва, Промоција на "Џамп" !!!
28.10.2010
Вечерва во клубот Колосеум за време на роденденската забава на
естрадниот магазин Тротоар ќе биде промовиран и видео записот на Р&Б
дуото ДНК за темата „Џамп“ која се наоѓа на нивниот албум „Кажано е
се“. Спотот е снимен во студиото на Томато Продукција , а во него
освен Панчо и Андреј се појавуваат и две девојки и две автомобилски
атракции кои ретко ги гледаме на градските улици Dodge Viper и
Bentley. Видео записот е снимен со најмодерна технологија а го
работеше Томато Продукција.
ДНК снимија спот за "Џамп"
30.09.2010
Изминатиот вторник Р&Б дуото ДНК го сними видео записот за темата
"Џамп" која се наоѓа на нивниот албум "Кажано е се". Спотот се снимаше
12 часа во студиото на Томато Продукција , а во него освен Панчо и
Андреј се појавуваат и четири атракции- две секси девојки и два
автомобили кои не ги гледаме секојдневно низ нашите улици- Dodge Viper
и Bentley. Видео записот кој е снимен со најмодерна технологија го
работи Томато Продукција, а истиот ќе биде промовиран за десетина
дена.
ДНК подаруваат ЦД-а од "Кажано е Се"
16.09.2010
Оваа сабота (18 септември) момците од Р&Б дуото ДНК- Панчо и Андреј,
ќе бидат дел од забавата која ја организира Авто Куќа и Опел на влезот
на Градскиот Трговски Центар во Скопје на која жителите на градот ќе
имаат ексклузивна можност да се запознаат со последниот моноволуменец
Opel Meriva. Настанот ќе започне во 11 часот и ќе трае до 20 часот, а
со своето присуство истиот ќе го збогатат пријателите на Авто Куќа
-Панчо и Андреј кои специјално за нивните најголеми фанови и за
љубителите на моделите на Опел ќе подаруваат и потпишуваат примероци
од нивниот албум "Кажано е се". За сабота, Авто Куќа и ДНК ветуваат
одлична забава за сите генерации.
Соработката на ДНК и Авто Куќа започна минатиот месец кога Панчо официјално стана заштитно лице на компанијата и сопственик на новата Opel Astra.
Недела, 12 Септември на Школка
10.09.2010
Оваа недела, на 12 септември на Школка во Градкиот Парк ќе се одржи
забава за учениците од основните училишта во Општина Центар по повод
започнувањето на новата учебна година. Специјално за учениците од
општината, на Школка ќе настапат ексклузивците на Продукција Република
– Врчак, ДНК, Влатко Лозаноски, Дарко Илиевски, Магдалена Цветкоска,
Оливера Ѓоргоска и Орхидеја Дукова кои ќе се погрижат за одлична
забава во градскиот парк. .
Мотото на настанот е "Музика за старт" а Општина Центар заедно со Продукција Република го организираат со цел да им посакаат успешен старт на учениците на новата учебна година. Учесници на настанот ќе бидат и ритмичките секции од седумте основни училишта од општината кои заедно со артистите на Продукција Република ќе изведат свои кореографии на нивните песни.
На Школка ќе биде присутен и градоначалникот на Општина Центар- г-дин Владимир Тодоровиќ, а како специјално изненадување за сите ќе се појави и една голема спортска ѕвезда од Македонија.
Настанот ќе започне во 13 часот.
Последен настап на ДНК пред големиот концерт!
06.09.2010
По завршувањето на летната турнеја низ Македонија, Р&Б дуото ДНК
продолжува со концертната промоција на новиот албум "Кажано е се" кој
беше издаден во јуни годинава, а неодамна доби и ексклузивно пакување.
Панчо и Андреј ќе бидат специјални гости на концертот на
најпопуларниот хип-хоп состав од Хрватска- Конект, во рамките на
Фестивалот на Независноста кој ќе се одржи во вторник и среда (7ми и
8ми септември) во летниот клуб Колосеум.
На сцената на клубот ДНК ќе настапат во среда и ќе изведат неколку песни од новиот албум, меѓу кои Џамп, Пука, Кажано е се, Пази се од мене, Спонзоруша, а заедно со Конект ќе го изведат и заедничкиот хит од минатото лето "Змеј" за кој снимија и видео запис.
Настапот на ДНК во среда во Колосеум ќе биде последен нивен настап во Скопје, пред големиот концерт кој го подготвуваат за крајот на оваа година.
Продолжува турнејата на ДНК
25.08.2010
По повод големиот христијански празник Голема Богородица, во петок (27-ми август) момците од Р&Б дуото ДНК – Панчо и Андреј, со особена чест и задоволство ќе ги забавуваат присутните кај Лешочкиот Манастир во Лешок- Тетово, со свој едночасовен настап на кој ќе ги изведат хитовите од новиот албум Кажано е се.
Специјален гостин на нивниот настап ќе биде Дарко Илиевски кој покрај неколкуте негови песни заедно со ДНК ќе го изведе и заедничкиот хит Едно тело. Почетокот на забавата е предвиден за 23 часот.
Веке наредниот ден Сабота - 28.08 со почеток во 23ч нивната промотивна турнеја продолжува во Штип на градскиот базен каде што ке ги забавуваат Штипјани со 60минутен концерт и промовирање на сите нови нумери ад албумот.
Минатиот петок пак, во просториите на Опел Авто Куќа момците од ДНК
го промовираа новото ексклузивно пакување на албумот Кажано е се кое
се разликува од претходното по буклетот кој ги содржи текстовите од сите 18 песни кои се наоѓаат на албумот, а истовремено Панчо го официјализираше својот договор со Авто Куќа со што стана заштитно лице на компанијата и сопственик на новата Опел Астра.
Ексклузивното пакување на Кажано е се веќе е во продажба во сите
музички продавници низ Македонија по цена од 350 ден.
"Кажано е се" во ексклузивно издание!
23.08.2010
Минатиот петок (20ти август) во просториите на Опел Авто Куќа момците од ДНК го промовираа новото ексклузивно пакување на албумот "Кажано е се" кое се разликува од претходното по буклетот кој ги содржи текстовите од сите 18 песни кои се наоѓаат на албумот.
Промоцијата се случи токму во Авто Куќа поради тоа што од петокот Панчо официјално стана заштитно лице на компанијата и горд сопственик на новата Opel Astra чии клучеви му ги предаде директорот на Авто Куќа - Илија Попјанев.
" Очекуваме дека чувството да се вози новата Opel Astra ќе биде прекрасно искуство за Панчо кое тој ќе го пренесе и на неговиот широк круг на пријатели и соработници" истакна Попјанев.
Ексклузивното пакување на "Кажано е се" веќе се наоѓа во продажба во сите музички продавници низ Македонија.
Панчо Прославува роденден во Парк
27.07.2010
"Продукција Република" ве поканува на роденденот на ДЈ Панчо од ДНК
кој ќе го прослави во четврток после полноќ во дискотеката "Парк" во
Охрид. На роденденот ќе бидат присутни ексклузивците на "Продукција
Република" но и многу познати личности и ѕвезди од естрадата.
Роденденот ќе биде еднa голема забава со ДЈ сет на еден од најдобрите
хип хоп и Р&Б диџеи во Македонија ДЈ Давор ака Оне, а на сцената ќе се
појават и ДНК и Врчак кои ќе ги изведат нивните најголеми хитови
меѓу кои ќе ги слушнете: Пази се од мене, Навлечен на тебе, Полна
месечина, Препушти се на мене, Таа тоа го крие итн.
Настапот на ДНК во четврток во " Парк" ќе биде воедно нивниот
последен настап во Охрид за ова лето.
Ве очекуваме заедно да го прославиме роденденот на Панчо и одлично да
се забавуваме.
П.С. Подарок во поголемо плико од минатата година :)
ДНК во Планет - Охрид
15.07.2010
Момците од аренби дуото ДНК, Панчо и Андреј, овој петок за прв пат
оваа сезона ќе имаат своја концертна промоција на нивниот нов албум
"Кажано е се" во дискотеката Планет во Охрид. На сцената на еден од
најголемите летни клубови во Охрид тие ќе ги изведат добропознатите
хитови од албумот: Навлечен на тебе, Полна месечина, Луда, Таа тоа го
крие, Пази се од мене, Змеј, но и новите песни од истиот кои веќе
стануваат хитови: Џамп, Пука, насловната- Кажано е се итн.
Со настапот во Планет ДНК ја започнуваат летната концетна турнеја низ
клубовите во Македонија која ќе трае до крајот на август.
Обожавателите на Панчо и Андреј кои сакаат да се информираат за
концертните настапи на ДНК тоа можат да го сторат на нивната
официјална веб страница www.dnk.com.mk
ДНК го промовираа "Кажано е Се"
11.06.2010
Завчера Панчо и Андреј од ДНК официјално го промовираа својот нов албум "Кажано е се'". Промоцијата се случи во кафулето Experience на Плоштад Македонија, а промоцијата ја водеше Снежана Велков од естрадниот магазин Бекстејџ. По претставувањето на албумот ДНК во живо ја изведоа песната што го отвора изданието- "Спонзоруша".Покрај албумот, ДНК го претстави и спотот за истата песна, дело на режисерот Огнен Шапковски. Клипот е во провокативен стил, со стриптизетата Црна Мачка, а има две верзии – цензурирана и нецензурирана.
"Кажано е се'" содржи 18 композиции, а покрај хитовите "Полна Месечина", "Навлечен на тебе" и "Пази се од мене" има и шест нови нумери. Покрај Андреј и Панчо, кои се автори на дел од музиката и на текстовите, најголема заслуга за албумот има Раде Врчаковски - Врчак, кој е аранжер и продуцент на истиот. На новото издание на ДНК, покрај Врчак гостуваат и неколку странски имиња- Connect, познатиот хрватски продуцент Marvel кој го направи битот за "Спонзоруша", Rexonna и VIP.
Освен обичното издание што им го поделија на сите гости на промоцијата, ДНК планира и специјална верзија со богат буклет, со текстови и фотографии. На промоцијата во Experience, покрај ексклузивците на "Продукција Република", присуствуваа и многу други артисти, композитори и спортисти, пријатели на Панчо и Андреј.
ДНК и Врчак во „Парк“ во Охрид
28.04.2010
Р&Б дуото ДНК заедно со нивниот продуцент Врчак ги започнуваат
првомајските празнувања овој петок -30ти април, кога ќе имаат
заеднички настап во дискотеката Парк во Охрид. На настапот ДНК ќе ги
изведат добро познатите Навлечен на Тебе, Полна Месечина, Змеј, Таа
тоа го крие итн, но и Спонзоруша, песната која неодамна беше
промовирана и веднаш стана хит на радио станиците низ Македонија .
Врчак ќе ги изведе заедничките теми со ДНК, но и песните кои останаа
хитови од неговите три албуми меѓу кои се: Поп Перо, Заспана Убавица,
Во твоето срце, Повторно сам, Пред да заспијам итн. Специјално за
фановите кои што ќе се најдат во дискотеката Парк во Охрид, ДНК
премиерно ќе изведат и неколку нови песни од албумот кој ќе биде
промовиран во средината на мај.
Журката со ДНК и Врчак во петок ќе започне на полноќ.
Со полна пареа на подготовките на новиот албум!
26.04.2010
Панчо и Андреј од Р&Б дуото ДНК со полна пареа работат на подготовките
околу издавањето на нивниот нов албум кој треба да излезе идниот
месец. Момците ги започнаа подготовките со нова фотосесија која ја
работеа со познатите фотографи Ани и Дими. Дел од фотографиите од
фотосесијата ќе се најдат на каверот на албумот, но и на специјалните
изданија од истиот кои ќе содржат и буклет со текстовите од песните.
Подготовките продолжија минатата недела кога ДНК снимија видео запис
за една од новите песни која ќе се најде на албумот. Темата е
насловена „Спонзоруша“, а битот на песната е од хрватскиот хип-хоп
продуцент Марвел, познат на јавноста како продуцент на „Јебена“
најголемиот хит на групата Конект. Деновиве „Спонзоруша“ ќе биде
пуштена на радиостаниците низ Македонија, а провокативниот видео запис
кој се снимаше во „Ла Кафе“ ќе ја доживее својата промоција на
почетокот на идниот месец.
Албумот на ДНК ќе содржи 18 песни меѓу кои ќе се најдат и нивните најглеми хитови: Полна Месечина, Таа тоа го крие, Навлечен на тебе, Змеј итн. Продуцент на албумот е Раде Врчаковски- Врчак.
ДНК и Дарко снимија спот за „Едно тело“
07.03.2010
Во неделата Дарко Илиевски и ДНК го снимија видео запиот за темата
„Едно тело“ која веќе е огромен хит на радио станиците низ државата.
Спотот се снимаше на две локации - студиото на Елена Лука и новиот
простор на Веропулос спроти Народна Банка кој е во изградба. Снимањето
траеше околу 12 часа, а во спотот покрај Дарко, Андреј и Панчо се
појавува и атрактивната Силвија Чапарова, познат модел од Бугарија
која со својот заводлив стајлинг, облечена само во корсет од Тали
Вејл, сними неколку жешки сцени со момците. Дарко, Панчо и Андреј пак,
покрај спортскот аутфит од Адидас во спотот ќе се појават и во многу
интересни елегантни варијанти на брендот Армани Џинс од бутикот Пјер
Карден. Вискотобуџетниот спот изработен според светски стандарди го
режираше Огнен Шапковски, а официјалната промоција на истиот очекуваме
да се случи наскоро.
Концерт на ДНК во Colosseum
24.02.2010
Последен лајв настап во Скопје на најдоброто Р&Б дуо во Македонија -
ДНК, пред издавањето на нивниот нов албум кој треба да излезе наскоро.
На концертот кој ќе се случи во петок на 26ти февруари во клубот
Колосеум, ДНК ќе ги изведат добро познатите Навлечен на Тебе, Полна
Месечина, Змеј, Таа тоа го крие итн, но и една нова песна која ќе се
најде на албумот само за фановите да го почувствуваат новиот стил кој
ќе биде на истиот.
Специјални гости на Панчо и Андреј во петок ќе им бидат: Синди, Магдалена, Тајзи и Скипи, Орхидеја, Били Звер и Дарк Мен. Забавата со ДНК во петок ќе започне регуларно, на полноќ, со ДЈ сет на Шорти П ака Панчо и на ДЈ Давор. Очекувајте одлична Р&Б и хип хоп конфјужн журка и специјално изненадување кое ќе го видат само оние кои ќе дојдат на концертот во Колосеум.










